Агрегатот со кој се греела викендичката во која за време на новогодишната ноќ се загушија осум тинејџери во Посушје се наоѓал во помошна просторија на северната страна од куќата.

Во просторијата каде што бил плинскиот агрегат едната врата била затворена а другата била малку подоотворена, додека прозорецот се наоѓал на спротивната страна каде што биле тинејџерите.

За време на увидот што го направила полицијата, утврдено е дека прозорецот бил полуотворен и на тој начин отровниот јаглерод моноксид ги загушил осумте деца.

Од полицијата информирале дека “плинскиот топ“ што се користел за загревање не е најден во близина на агрегатот како што беше пренесено во медиумите.

Од сите починати се земени примероци на крв и урина кои се пратени на анализа и заедно со обдукцијата ќе бидат расветлени сите детали за оваа незапомнета трагедија. Обдукцијата ќе биде направена денеска и утре.

Осумте тинејџерите ја прославувале новогодишната ноќ заедно со уште шест другари кои по забавата во четири часот наутро си заминале да спијат во соседната викендичка.