Како да проверите дали сте меѓу 30-те милиони хакирани ФБ корисници?

Минатиот месец „Фејсбук“ објави дека се соочи со најголемиот напад досега, преку кој непозната група на хакери успеале да украдат тајни токени за пристап на милиони профили, користејќи одредена слабост во функцијата „View As“.
Од тие 30 милиони, хакерите успеале да дојдат до личните информации на 29 милиони корисници на „Фејсбук“; иако комапнијата уверува дека хакерите не успеале да пристапат до податоци од трети лица.
-Кај 15 милиони фејсбук-корисници, напаѓачите успеале да добијат пристап до две информации: кориснички имиња и информации за контакт вклучувајќи телефонски броеви, мејлови и други информации за контакт во зависност од тоа што корисниците имале на нивните профили.
-Кај 14 милион корисници, напаѓачите успеале да стигнат до уште поширок дел од нивните лични податоци, вклучувајќи ги во двете групи споменати погоре како и други детали како пол, јазик, статус на врска, религија, град каде што живее, образование, работа, последните 10 места каде што се чекирале или биле тагнати, веб-страниа, луѓе или страници што ги следат и 15-те најнови пребарувања.
-Кај останатите 1 милион корисници хакерите не успеале да добијат пристап до личните податоци.
Покрај тоа, хакерите не успеале да дојдат до било каква содржина на приватни пораки, со еден значаен исклучок – ако некој корисник е администратор на фејсбук-страница кој добил или разменил пораки со некој на „Фејсбук“, тогаш содржината на овие пораки била достапна за напаѓачите.
„Фејсбук“ изјави дека корисниците можат да проверат дали биле погодени од хакерскиот напад со посета на „Help Center“ на социјалната мрежа.
Исто така, компанијата објави дека директно ќе ги информира засегнатите корисници за да им објасни какви информации напаѓачите би можеле да имаат, заедно со чекорите што треба да се преземат за да се заштитат себеси од било какви сомнителни пораки, мејлови или повици.
Засега, идентитетот на хакерите останува непознат – „Фејсбук“ работи со ФБИ, американската Федерална комисија за трговија, со Комисијата за заштита на податоците од Ирска и други органи, за да испита кој би можел да стои зад нападот и дали тие имале некоја специфична цел.

извор: Fakulteti.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави