Кај Слупчане се убиени татко и неговиот 8 годишен син

Првичните информации се дека било пукано одблизу во автомобилот каде бил 47 – годишниот Ељхам Салахи од село Опае и неговиот осум годишен син.

Основното јавно обвинителство Куманово изврши увид во близина на с. Слупчане каде синоќа беше пронајдено возило кон кое биле истрелани повеќе куршуми.  На увидот беше констатирано дека од близина е пукано во патничкото моторно возило во кое се наоѓале две лица, возач и неговото осумгодишно дете. Двете лица биле смртно повредени и починале на лице место.

По насока на надлежен јавен обвинител, увидната екипа на Министерството за внатрешни работи ги обезбеди и подигна трагите од лице место и истите ќе бидат предмет на натамошно вештачење. Пронајдени се и подигнати поголем број испукани чаури преку чие вештачење се очекува да се утврдат битни факти во предметот. Ќе биде извршено вештачење и на возилото на кое се видливи повеќе траги од напад со огнено оружје. Издадена е и Наредба за вршење обдукција на телата на починатите.

Основното јавно обвинителство Куманово во континуитет презема дејствија со цел целосно расчистување на настанот, соопшти Јавното ообвинителство.

Total
0
Shares
Поврзани објави