Јанева 10 дена пред крајот на мандатот – завршува со притвор и разрешување, предметите ги даде , ЈО ги прифати

По писменото известување од Катица Јанева дека ги овластила обвинителите во СЈО да ги предадат предметите на редовното обвинителство, во државното јавно обвинителство се на став дека на тој начин се исполнети условите од Законот за СЈО за да ги преземат овие случаи.

-Според нашите првични опсервации, нема правни пречки за преземање на случаите на СЈО. Сметаме дека се исполнети условите од член 6, став 5 од Законот за СЈО, е првичниот став на ЈО.

Во наведаната одредба од Законот за СЈО пишува:

„Јавниот обвинител на РСМ или друг јавен обвинител не може да презема истраги и гонење по предмети кои спаѓаат во надлежност на јавниот обвинител без негова/нејзина писмена согласност.“

Конечна одлука на државното обвинителство ќе има деновиве.

Додека ЈО одлучи Собранието ќе расправа за судбината на Јанева. На само десет дена пред стекот на мандатот Јанева е осомничена за криминал, се наоѓа во притвор , ги предаде предметите на редовното обвинителство, а Собранието ќе ја разрешува зад затворени врати за јавност. Ќе одлучуваат пратеници со безбедносен сертифкат.

Total
0
Shares
Поврзани објави