“Во населбата Ченто човек се претстави дека продава дрва татко ми појде со него на пола пат му рекол да го почека тука за да земе сметка за дрвата. Татко ми два саати го чекал за за тоа време тој се вратил дома кај нас и од мајка ми ги зема парите со прикаската дека татко ми е со дрвата и мора да плати”, ова се случило завчера на едно скопско семејство. Ова семејство не е прва жртва на овој организиран криминал на кој полицијата не може да му стави крај.

Измамници на финта дека продаваат дрва на рати ограбуваат претежно стари лица и тоа трае со години и е појава во повеќе градови во Македонија. Сите кои биле жртви на овој вид криминал пријавиле во полиција но од таму ниту некого упасиле ниту осомничиле.

“Пред неколку години во Прилеп на мајка ми и се случи истото беше сама дома ние сите на работа дошол некој човек и рекол дека има камион дрва и дали ви требаат. Мајка ми рекла два кубици ќе ми требаат донеси ми и во тој момент и рекол полиција ме запре дај ми 2000 да ги подмитам и идам да ги донесам дрвата па после ќе ми доплатиш. Човекот заминал и не се вратил, а мајка ми не можела да тргни по него или со него оти чуваше дома дете од една година. Човекот бил висок слаб црн околу 40 години и зборувал кавадаречки дијалект”, е уште едно сведоштво за измама за дрва.

Дека човекот кој мами е познат по населбите говори фактот што пријавителите во полицијата го опишуваат исто. Околу 40 – 50 години многу слав висок со страшно расипани заби. До сега луѓе пријавиле дека зел и по 10 000 илјади денари. Дури успевал да измами пари и за нафта и туби за полнење кои сопствениците ги наоѓале на првата бензиска.
Луѓето пријавуваат но и наседнуваат на вештите измамници кои нудат дрва за пониска цена од легалните фирми каде често пати има и неодстаток на дрва за огрев.

Полцијата засега ниту пронашла ниту уапсила ниту има осомничен за измамиве кои се актуелни секоја есен во целата држава.