Интерпол бара Албанка од Македонија која е клучен сведок во киднапирањето на малата Медлин

Интерпол ја бара поранешната девојка на главниот осомничен во склучајот Медлин Мекен, девојчето кое имаше 3 години кога во 2007 година е грабнато од португалското летувалиште Праја да Луш, во регионот Алгарве, а еден Хрват од Брауншвајг добро се сеќава на неа. Вели дека таа е Албанка од Македонија.

Како што пренесува порталот 24sata.hr, повикувајќи се на тврдењето на Хрватот, „девојката која ја бара цел свет не е од Косово, туку од Македонија“.

Го познавав тоа семејство, зошто братот на девојката која ја бараат работеше со мој пријател, а неа ја гледав кога поминуваше пред мојот ресторан – вели Хрватот од германскиот град Брауншвајг чиј ресторан е оддалечен на само десетина метри од киоскот во кој со години работел Кристијан Брикнер (43), главниот осомничен во случајот.

Првпат медиумите ја објавија фотографијата на Накције Мифтарикоја како тинејџерка била девојка на Брикнер.

Германските власти издадоа црвена потерница на Интерпол за нејзино апсење. Откако се раздвоиле, Мифтари го пријавила во полиција поради насилство. Според зборовите на сведоци, таа тогаш имала 17 години. Полицијата верува дека поранешната девојка на Кристијан Брикнер Накције Мифтари, која била брутално тепана од него, би можела да изнесе клучни докази за исчезнувањето на малечката Медлин, пишува Дејли Мејл.

Дури кога ја здогледав фотографијата во медиумите, се сетив дека таа речиси секојдневно седеше во просторијата зад киоскот во кој работеше Кристијан. Уште тогаш соседите сешто зборуваа, знаете како оди тоа. Ми беше необично и сомнително што малолетничката толку интензивно се дружи со маж постар од неа, додава овој соговорник за хрватскиот портал.

Вели дека не му е познато дали родителите знаеле каде им е ќерката цело време и што прави.

Тоа е големо семејство со 10 деца. Таткото го познавав, но почина пред десетина години. Откако Кристијан заврши зад решетки, повеќе не ги гледав, ниту знам каде се отселија, рече тој.

Total
0
Shares
Поврзани објави