На сајтот на Министерството за внатрешни работи во одделот за пораги е објавена одлука на судот во Кочани за распишување потерница за Жан Железарски , кој не се вратил на издржување затворска казна за случајот Детонатор.

ЖЕЛЕЗАРСКИ ЖАН од т.Славчо м.Бранка, роден 02.12.1982 година во Кочани каде и живее на ул……. Се бара со наредба ПК бр.2/18 издадена од Основен суд Кочани за сторени кривични дела по чл.394 ,чл.386 и чл.123 вв со чл.19 од КЗ на РСМ за издржување на казна затвор од 14 години.  – пишува на потерницата.

Годинава Железарски беше актуелен по тепачка во која учествуваше во период кога беше пуштен од затвор поради лечење.

На Железарски заедно со уште петнаесетмина им се судеше за рекетирање, лихвраство, подметнување на бомби во случајот познат како „Детонатор“. Обвинитите тврдеа дека се жртви на Драганчо Стојменов познат како Дацо Белски.

Утринава пристигна и информација дека и Дацо Белски е во бегство. Тој се водеше како оштетен во случајот Детонатор.