Неколку медиуми објавија фотофрафија од Бојан Јовановски во дворот на затврот Шутка. По ширењето на фотографијата од Управата на затворот за порталот МКД.МК потврдија дека се вршат претреси да се најде мобилниот со кој е сликан.

Според сознанија на ДОСИЕ.МК претресот нема да даде резултати бидејќи фотографијата е направена најмалку пред пет дена. Претресот може да открие мобилни телефони, но не и изворот со оглед дека фотографијата не е од денеска иако денес се појави во јавност.

„Ја видовме објавената фотографија. Во моментов трае претрес во притворските ќелии во Истражниот затвор во Шутка и се бара мобилниот телефон со кој е направена фотографијата. Најверојатно е од притворено лице, бидејќи никој од вработените не внесува мобилен телефон кога влегува во затворот, односно за оној кој ќе влезе со мобилен следува отказ“, вели директорот Рахиќ за МКД.МК. 

Тој појаснува дека е јавна тајна дека во затворот има мобилни телефони и дека постојано се прават претреси. Откако ќе се најде кој го фотографирал притворениот Боки 13, директорот вели ќе следуваат санкции.