ФОТО: Журка со кокаин, екстази, марихуана: Полицијата упадна на забава во стан во Центар

Полицијата објави фотографии од журка во стан во центарот на Скопје каде упаднала вчера по претходна наредба од Основен кривичен суд. На забавата во тој момент односно во 21.30 часот присуствувале 13 лица, а полицајците успеале да најдат и да запленат и кокаин, амфетамин. Станот е во сопственост на правно лице.

„При претресот се затекнати 13 лица кои присуствувале на роденденска забава, а пронајдени се повеќе пакувања со кокаин, марихуана, екстази, амфетамин, хашишово масло и друга дрога. Приведени се М.К. (22), В.А. (28), М.И. (28), С.Г. (23), Р.Ј. (22), Р.В. (31), Г.А. (23), Н.К. (22), П.Г. (27), М.И. (21), Н.Ш. (23), Т.П. (22) и В.М. (23). Дел од лицата биле и затекнати додека консумирале наркотични средства. Против лицата ќе биде поднесени соодветни пријави до надлежното обвинителство, стои во известувањето од полицијата.


Total
0
Shares
Поврзани објави