Фото: Запленети 100 килограми марихуана во Охрид

Полицијата синоќа изврши бројни претреси на повеќе локации во Скопје за сузбивање на меѓународната организирана криминална група, а во врска со заплената на 100 кила марихуана во Охрид.

При акцијата се запленети 114 пакети високо квалитетна марихуана подготвена за продажба. Во Охрид е приведено лице при примопредавањето на дрогата.

Како што објави „Медиа.мк“, во акција на Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ на МВР кај градските гробишта во Охрид се запленети над 100 килограми марихуана.

Уапсен е турски државјанин кој со возило „Цитроен“ требало дрогата да ја транспортира до друга локација.

Total
0
Shares
Поврзани објави