Фото: Кој е Србинот по кого трага цела Малта оти избоде Македонец

Полицијата во Малта трага по српски државјанин осомничен за обид за убиство во градот Бугиба, на северот на Малта.

Србинот е осомничен дека избодел  58-годишниот Македонец, кој е во критична состојба.

Се работи за лицето Милош Видаковиќ, од кого објавуваме фотографи.

Полицијата информира дека наводно дошло до расправија, па повредениот Македонец бил пренесен во болница. Таму му била пружена лекарска помош, а поради тешката здравствена состојба, случајот се води како обид за убиство.

Полицијата трага по сторителот кој досега не е пронајден, а полицијата бара сите кои имаат некакви информации да пријават.

И Македонската заедница во Малта испрати апел секој кој има информација да пријави во полиција а очекува и реакција на МНР и македонската амбасада во Рим .

Почитувани Македонци кои работите и живеете на Малта ве замолуваме да споделите слика од убиецот ( Милош Видаковиќ ) на нашиот сограѓанин со што полицијата на Малта ќе може побрзо да го лоцира и спроведе. 
Доколку имате било какви информации за лицето ве молиме да пријавите во најблиската полициска станица ! Полицијата е во постојана комуникација со семејството и прават се што е во нивна моќ да го фатат сторителот . 
За вакви луѓе нема место на Малта . 
Се надеваме на брза разрешница на случајот. Воедно очекуваме и реакција и од МНР ( Ministry of Foreign Affairs of the Republic of North Macedonia ) како и Aмбасадата на РМ во Рим .

Total
0
Shares
Поврзани објави