При длабинска контрола на патниот правец Велес – Скопје царинските инспектори од Одделението за оперативни работи прoнајдоа 45 (четириесет и пет) мигранти без документи за идентификација.

Имено, на 13.10.2019 година нешто по полноќ, на патниот правец Велес – Скопје кај наплатна станица „Отовица“ на автопатот Велес – Скопје од мобилните царински тимови било запрено товарно моторно возило, ,Ивеко’’ со скопски регистарски ознаки, управувано од 28 годишен жител на с.Марвинци, Валандово. Во товарниот дел на возилото пронајдени се 45 лица – мигранти без документи за идентификација.

Лицата и патничкото моторно возило се предадени на Министерството за внатрешни работи за нивно понатамошно постапување