Руската полиција уапсила маж за кој тврдат дека е канибал, откако претходно нашле делумно три исецкани човечки тела.

Остатоците од жртвите се пронајдени на северот на Русија во Архангелс, а заедно со расецканите парчиња од човечко месо имало и остатоци од кучиња, мачки и птици.

Маж стар 51 година, се наведува дека ги убил тројцата мажи, кои биле негови пријатели и тоа на спиење. Се претпоставува дека претходно ги напил, со намера да ги убие.

Руското обвинителство наведува дека човекот ги распарчил телата, по што почнал да ги јаде, а остатоците ги фрлил во реката.

На лекарските прегледи е констатирано дека човекот имал стабилно психичко здравје.

Според медиумите тој после убиството, живеел во станот на еден од жртвите, а на неговите родители им рекол дека синот им заминал во странство да работи, додека другите двајца немале семејство, па било лесно да се сокријат трагите.