ЕЛ ЧЕКА : Имам 6 илјади бомби

Нови „бомби“ осамнаа на Фејсбук профилот на таканаречениот Ел Чека, во кои повторно таргет се функционери на ДУИ. Во новите снимки објавувачот ги посочува Али Ахмети, Муса Џафери, Блерим Беџети, а во една од објавите се споменува и поранешната министерка Гордана Јанкуловска која наводно признава дека случајот „Сопот“ е политички монтиран процес. Освен бомбите, Ел Чека во видео снимка се обраќа и на јавноста и се заканува дека нема да престане со објавување на разговори се дури не започне меѓународна истрага за Диво Насеље.

– Материјалите ми се од Сами Укшини (командант Соколи), Ваљон Зека и Шек Халачи кои се во затворите на Македонија. Во случај мене ми се случи нешто, одговорноста ќе биде нивна. Чекавме четири години за да има правда. Поседуваме многу видеа и нема да престанеме се дури нема истрага од меѓународната заедница – Ел Чека.

Од МВР велат подготвуваат кривична пријава, а во меѓувреме бараат од Фејсбук да го блокира неговиот профил, кој се уште е јавно достапен.

– Утврдено е кој стои зад профилот на Фејсбук од каде што се пласирани овие содржини и за тоа е известено Обвинителството. Исто така, известена е социјалната мрежа Фејсбук односно надлежните во оваа компанија се известени дека се пласирани нелегални содржини преку нивниот сервис. По целосното расчистување на случајот, МВР ќе поднесе кривична пријава против сторителот и за тоа соодветно ќе ја информира јавноста.“

Ел Чека вели поседува повеќе од 6 илјади прислушувани разговори, кои ќе ги предаде на ЦИА и американската амбасада во Скопје. Tој порачува или криминалците во затвор или Заев ке падне.

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска изјави дека не сака да ги коментира новите т.н. бомби од прислушувани разговори наводно на лица од ДУИ, кои беа пласирани на Фејсбук, со оглед дека таквото објавување е строго забрането со закон.

Тој слушнал некои од тн. „бомби“, и како што изјави, тоа се приватни разговори.

Total
0
Shares
Поврзани објави