Екстрадиран осомничен за дрога, заразен со коноравирус – затворениците во паника

Британецот Марк Рамбл, кој е осомничен за трговија со дрога, можеби донел коронавирус во британски затвор по екстрадицијата од Тајланд.

Тој бил екстрадиран во Тајланд на 27-ми јануари, а под доаѓањето во Британија се онесвестил во затворот Булингдон. Постои сомнение дека е заразен со новиот коронавирус. 

Тајландското Министерство за здравство тврди дека Рамбл немал симптоми на зараза од новиот вирус, од кој досега умреле повеќе од 1.100, заразени се повеќе од 45.000 луѓе.

Тајландското министерство навело дека Рамбл ги минал сите стандардни здравствени прегледи пред да биде екстрадиран, инаку немало да му биде дозволено да патува. Официјален Тајланд, првата земја надвор од Кина во која се појавил случај на зараза со новиот коронавирус на 13-ти јануари, исто така тврдат дека нема случаи на инфекција меѓу останатите 300.000 затвореници во земјата.

Тие рекле дека Рамбл бил во Британија најмалку 16 дена, што значи дека минал низ прифатлив период на инкубација од 14 дена, пред потенцијалната зараза на Тајланд. Рамбл се онесвестил во својата ќелија во понеделникот. Болничарката која прва ја проверила здравствената состојба на Рамбл, доброволно заминала во домашна изолација.

Рамбл бил итно префрлен во изолација во болничкото крило на затворот, а моментално е сместен во специјална болница надвор од затворските ѕидови.

Инаку, Рамбл е уапсен во Патаја на Тајланд минатиот ноември поради сомнение дека е поврзан со трговија со дрога. Тој треба да се појави пред суд во Оксфорд на 20-ти февруари. Во текот на престојот на Тајланд тој на социјалните мрежи објавувал свои фотографии со познати личности, вклучувајќи го и легендарниот боксер Рики Хатон.

Total
0
Shares
Поврзани објави