Видеата се од безбедносни камери на зграда на улицата Орце нИколов во центарот на Скопје каде за една вечер се украдени 4 велосипеди. Крадецот насилно ја отвора вратата иако на една од нсимките се гледа дека веќе е и разденето слободно шета и одбира кој велосипед да го земе.

Кражбите на велосипеди траат повеќе години низ градот а полицијата никако да ги фати организираните групи кои потоа ги препродаваат велосипедите или ги разстураат на делови. Дрскоста на крадците се гледа и од видеата дека ниту назорот поставен во понови згради не им смета да крадат, а бројот на пријавени украдени велосипеди во МВР секој ден е се поголем. Полицијата е немоќна.