Присуство на полициски службеници на улицата „Партизанска“ за влез на улицата „Тодор Скаловски“ во Битолкста касарна ги вознемири жителите од околните згради. Неофицијално се прошири веста дека полицијата имала дојава за подметната бомба во возило. 

Од СВР Битола за Апла мк велат дека „Во моментов полициски службеници постапуваат по претходна пријава од граѓани , а  повеќе информации најавија за подоцна . Од терен дознавме дека полицијата обезбедува, бидејќи се чекаат екипи за антитероризам.