Дојава за бомба во руски авион кој слета на аеородромот „Џон Кенеди“ во Њујорк

Њујоркшката полиција не потврдила присуство на експлозивна направа во авион на руската компанија Аерофлот, кој вчера на аеродромот Џон Ф.Кенеди слета од Москва.

Аеродромската служба претходно добила дојава за наводна закана за експлозивна направа во авионот на Аерофлот СУ 102, кој слетал доцна синоќа на аеродромот, соопшти портпаролот н аеродромот.

Откако патниците го напуштиле авионот, полицијата детално го пребарала авионот и не нашла ништо. Аеродромот е отворен, но неколку летови морале да бидат привремено одложени поради истрагата.

Во извештајот се наведува дека авионот кој долетал од Москва бил под истрага, па сите патници и нивниот багаж биле детално проверени.

Управата на аеродромот на Твитер напиша дека поради инцидентот патниците ќе мора да бидат дополнително проверени и полицијата ќе испрати уште припадници за да го обезбеди аеродромот.

Total
0
Shares
Поврзани објави