Десетгодишно дете се обеси играјки Тик Ток

Десетгодишно момче од Раковица, соседна Србија вчера било пронајдено мртво во стан. Според српските медиуми детето наводно случајно се обесило додека играло игра на Тик Ток.

Слично како и неговата врсничка од Италија која беше пронајдена во бањата со појас околу вратот врзан за радијатор и мобилен телефон во раката, момчето е пронајдено обесено на кревет.

Се претпоставува дека и двете деца го играле опасниот Тик Ток предизвик Blackout Challenge односно прифатиле учество во „играта на задушување“ или „играта на несвестица“.

Според неофицијални информации, момчето било оставено само во станот, додека неговите родители биле во продавница.

Кога се вратија, тој не ја отвори вратата, па повикаа полиција и пожарникари кои влегоа преку терасата и го најдоа детето обесено на кревет. Од почетокот се сомневаше дека смртта настанала случајно за време на играта, и сега се верува дека тој всушност, играл предизвик за задушување на социјалната мрежа Тик Ток – изјави извор од истрагата.

Овој опасен предизвик ги манипулира деца да стават јаже или каиш околу вратот. Тие за да одговорат на предизвикот треба да го стегаат каишот и да снимаат со мобилен телефон додека не се онесвестат.

Total
0
Shares
Поврзани објави