Чичко заработи кривична пријава за физичко малтретирање на внуците

Скопјанец на 46 годишна возраст од Јавното обвинителство заработи кривична пријава поради физичко малтретирање на неговите малолетни вкуци, од кои едното со посебни потреби.

Основното јавно обвинителство соопштува дека обвинетиот на 28 јули годинава откако прифатил да ги надгледува децата додека нивната мајка била отсутна, грубо ја запоставил должноста за грижа и воспитување и започнал да ги малтретира нив.

„Тој на дрво во близина го врзал 12-годишното момче за стапалото со внатрешна гума од мопед. Врзаното дете – лице со посебни потреби и неразвиена моторика, не можело да се ослободи, па кон него се приближила неговата 5-годишна сестра во обид да му даде шише со течност за да се напие. Во тој момент, обвинетиот го нападнал и девојчето, најпрвин вербално, а потоа и физички – удирајќи ја по лицето и нозете“, велат од ОЈ.

Јавниот обвинител кој постапува во предметот до Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетиот поради опасност од криење и бегство.

Total
0
Shares
Поврзани објави