Четири лица од раководството на Еуростандард осомничени за пропаѓањето на банката.
Јавното обвинителство отвори истрага против нив и ги сомничи дека поделиле милиони евра без покритие.
Бизнисменот Трифун Костовски, како главен акционер во „Еуростандард банка“ вели дека лицата против кои Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција треба да се кажат со име и презиме.
Според него, отворањето на истрагата е изнуден чин.
После 6 месечен молк од страна на Јавното Обвинителство излегува во јавноста со наредба за истрага во самата Еуростандард Банка. Моите сознанија говорат дека ова е изнуден чин на Јавното Обвинителство да се појави во јавноста после толку многубројни мои апели. Повторувам, во целата истрага мора да се вклучат и лица надвор од банката.
Според инфромациите на Телма, осомничени се сопственикот и претседателот на Надозрниот одбор на Банката Трифун Костовски, неговиот син Коста Костовски и уште двајца менаџери на пропаднатата банка.