Бомбата која утрово ги евакуираше средношколиците од средното уметничко училиште била ставена под возилото кое е сопственост на газда на два ноќни клуба во Скопје.

Според неофицијални информации на Фокус, „бомбата“ била кашикара и била ставена под автомобил марка „порше“, кој бил во негова сопственост.

Според сознанијата на Фокус, тој неодамна ја напушти политика и почна да се занимава со угостителство.

На истиот паркинг било паркирано и возилото на поранешниот директор на спортскиот центар Борис Трајковски, Ратко Капушевски, кој потоа беше управител во фирми на рускиот бизнисен Сергеј Самсоненко.

Капушевски, пак, тврди дека бил цел на закани.

фото: fokus.mk