Скопски бизнисмен крвнички претепал газда на менувачница и кафуле

Според исказите на очевидци, скопскиот бизнисмен Спиро Чорогунов, го претепал Бранко Петровски вчера, околу 13 часот во најстрогиот центар на Скопје. Чорогунов е сопственик на хотелите „Александар Сквер“ и „Александар 2“ во центарот на Скопје, градежната фирма „Караорман“ и неколку други бизниси. Во најнепосредна близина на хотелот „Александар 2“ на Чорогунов се наоѓа малата менувачница на Петровски и неговото кафуле „Гарсон“, повеќе години познато како омилено собиралиште на млади уметници, новинари и граѓански активисти.

Чорогунов го извршил нападот врз Петровски во најнепосредна близина на хотелот „Александар 2“, изграден минатата година, откако претходно се му го попречил патот и побарал од него да ја симне рекламата за неговата менувачница што таму е поставена пред 19 години. Откако Петровски мирно побарал од него да му дозволи да продолжи по патот, Чорогунов го нападнал со тупаници, го кутнал на земја и продолжил силно да го удира во пределот на лицето. Последиците од овој напад се видливи, скршена вилица и тешка повреда на левото око на Петровски.

Во текот на минатата ноќ, Петровски не е хоспитализиран затоа што немало место ниту во Градската болница, ниту на државната клиника, иако тоа го побарало неговото семејство, бидејќи обилно му крварел носот и не можел да заспие од болки и од тоа што се гушел во сопствената крв.

Соседството е крајно вознемирено и потресено од овој тежок инцидент. Го знаат Петровски како мирен, тивок и добар сосед, кој неодамна извојувал успешна битка со ракот. Поради хемотерапијата и лекарствата што сѐ уште ги прима, тој физички бил немоќен да се одбрани од жестокиот напад. Непосредно по нападот, Чорогунов му рекол дека му е криво што не го убил.

Полицијата, според неофицијални информации, го привела Чорогунов, иако тој се противел на приведувањето, затоа што се спремал да оди на свадба. Во овој момент, не е познато дали напаѓачот е во притвор или бил на свадба во текот на минатата ноќ.

текстот и фотографијата се целосно превземени од civilmedia.mk

 

Total
0
Shares
Поврзани објави