Разбојник во Битола на сила соборил жена на тротоар и успеал да и земе златен ланец вреден 2.000 евра. Насилството е пријавено, а ОЈО во Битола донела наредба за спроведување истражна постапка и предлог за притвор за насилникот.

Осомничениот на 9 септември 2020 година во 18:45 часот, во Битола, додека се разминувал со оштетената, го фатил златниот ланец што го носела околу вратот и почнал со сила да се обидува да го скине.

Бидејќи ланецот бил масивен и не се кинел, осомниченот започнал да ја влече и трга оштетената, ја соборил на тротоарот при што успеал да го скине ланецот во вредност од 120.000 денари и  да го одземе со намера противправно да го присвои, се наведува во соопштението на Обвинителството.

Судот го прифатил предлогот на ОЈО и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.