Полициската фотографија од човек кој бил уапсен поради кражба на автомобил стана хит на Интернет, бидејќи луѓето не можат да си поверуваат колку години има осомничениот.

Мурад Масуровиќ Курбанов е уапсен за кражба на автомобил, бегање од полицијата и невнимателно возење, пренесува телевизијата KUTV2News.

Телевизијата објавувајќи ја сторијата објавиле и негова фотографија на својата Фејсбук страница. Веста иако не била нешто многу атрактивна фотографијата ја направила хит. На податоците за крадецот пишува дека има 19 години но коментарите и шерувањата на читатиелите крадецот и неговата фотографија ги направија хит на социјалните мрежи.

“Каде е 19 годишниот? Јас гледам само 40 годишен маж”, “Ако овој човек има 19, јас имам 12 години”, “Пишува дека има 19, но според фризурата веројатно има 52 години”. се само дел од коментарите на читателите.