Службите за итни случаи биле повикани на местото околу 1.40 часот по полноќ откако биле откриени 39-те жртви во камион.

25-годишен маж од Северна Ирска е уапсен под сомнение за убиство, потврди полицијата.

Меѓу жртвите има и еден тинејџер, рече полицијата на Есекс, пренесе Гардијан.

Главниот надзорник Ендру Маринер рече: „Веруваме дека камионот е од Бугарија и дека влегол во земјата кај Холихед (Велс) во саботата на 19 октомври… Го уапсивме возачот на камионот во врска со инцидентот, кој останува во полиција, додека нашата истрага продолжува“.

Поставен е полициски кордон и пристапот до и од индустрискиот парк Ватерглајд останува затворен.