Зоолошката градина во Скопје од петок отворена за посетители

По двомесечната пауза поради пандемијата со корона вирусот, Зоолошката Скопје во петок ќе ги отвори вратите за посетителите, објави Фокус.

-Да. Имаме најава за петок. Ние сме подготвени. Пандемијата е смирена и сепак Зоолошката е голем отворен парк, кој може да се контролира. Ќе работиме по протокол. Целосна дезинфекција, вработените маскирани, дезинфекција за посетителите. Редари ќе внимаваат на растојанието и се што е потребно. Посетителите се нестрпливи, секојдневно прашуваат и се надеваме дека во петок ќе отвориме – изјави за Фокус Ѓорѓи Галетановски, директор на скопската Зоолошка градина. 

Total
0
Shares
Поврзани објави