Законот за јавно обвинителство ја помина процедурата во собраниските Комисии и ќе биде доставен до пратениците кои треба да го гласаат на пленарна седница. Комисијата не го прифати амандманот поднесен од претставникот на Алијансата на Албанците, пратеникот Сурија Рушиди,со кој се бараше во новиот закон за јавно обвинителство – незаконски прислушуваните материјали да се користат како докази во постапките кои се отворени по 30 јуни 2017 година.

Кога ќе биде закажана седницата сеуште не е познато, но она што е јасно е дека започнува трката по неопходното двотретинско мнозинство односно гласовите на 80 пратеници. БЕСА, Алијанса на Албанците и неазвисната пратеничка Елизабета Канческа – Милевска најавија дека нема да го поддржат законот, а ставот на најголемата опозициска партија ВМРО – ДПМНЕ е непроменет – законот за јавното обвинитество за нив е неприфатлив.

На денешната седница на Комисијата, пратеникот од опозицијата Антонио Милошоски, пушти аудиоснимка од разговор кој тврди дека го добил од укажувач а на кој според него се слуша гласот на поранешниот премир Зоран Заев кој објаснува како се финансирала телевизијата „1тв“ на обвинетиот во „Рекет“ -Бојан Јовановски – „Боки13 “. Во материјателот се слуша дека Заев знаел и за парите дадени од Силјан Мицевски и тоа токму за проект старечки домови.