Регулаторната комисија за енергетика со приоритет ќе ги разгледа претставките на граѓаните што се жалат на нереално високите сметки за струја.

Регулаторна веќе укажала на наделжните дека потрошувачите добивале високи сметки за електрична енергија за еден месец и ги повикуваат корисниците вакви пропусти да ги пријават.

Тие советуваат дека потрошувачите самостојно можат да ги отчитаат броилата по што можат онлајн да ја пријавуваат состојба на броило во ЕВН и врз основа на овие податоци за потрошувачката на електрична енергија ќе добијат реална фактура.

Според нив, ЕВН Хоме не смее да ги исклучува од системот за електрична енергија ранливите потрошувачи во месеците декември, јануари и февруари поради неплатени фактури за испорачана електрична енергија.

Ранливиот потрошувач има можност за одложено плаќање, а може да побара и да биде ослободен од обврска за плаќање на надоместок за повторно приклучување, како и бесплатно да му се направи вонредна верификација на мерната опрема.