Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан е заразен со вирусот Ковид-19, потврди „кралскиот клуб“.

„Реал Мадрид потврдува дека нашиот тренер Зинедин Зидан доби позитивен тест на коронавирусот“, се наведува во кусото соопштение.

Зидан, денес, требаше да одржи прес-конференција во пресрет на натпреварот со Алавес.

Тренерот се наоѓа во изолација и ќе ги пропушти наредните неколку натпревари на Реал.