Зибери е разрешен поради неговата изјава, нема да дозволам да се политизира работата на Комисијата за заразни болести, вели Филипче


Директорот на Центарот за јавно здравје Скопје Арбен Зибери е разрешен од функцијата, соопшти Министерството за здравство. За нов вршител на должност директор на Центарот за јавно здравје е именува доктор Александар Стојанов, епидемиолог од Центарот за јавно здравје.
„Зибери е разрешен заради пласирање на неточни изјави во јавноста со што директно наштети на угледот на членовите на Комисијата за заразни болести доведувајќи го во прашање кредибилитетот на здравствените институции во борбата со коронавирусот.

На новинарско прашање по обвинувањата од Зибери дека се бара негова смена бидејќи неговиот чичко е кандидат за премиер, министерот за здравство Венко Филипче, рече дека Зибери е разрешен по неговата изјава со која го поткопал угледот на членовите на Комисијата за заразни болести.

„Одлуките што ги носеа беа врз основа на медицинска наука, епидемиологија. Никој не смее да политизира и да добива политички поени на така сензитивно прашање. Во целиот период каде целокупниот здравствен систем е посветен на кризата со ковид имаше и други разрешувања, претходно беа разрешени тројца директори, ова е четврт. Нема да дозволам никој да ја политизира стручната работа на Комисијта и нема да дозволам некој да ја политизира работата на овие луѓе кои четири месеци секојдневно работат посветено“, рече Филипче.

Total
0
Shares
Поврзани објави