Жена се обиде да скокне во водите на Вардар пред околу еден час во близина на Хром.

-Во 10 часот на железничкиот мост во населба Нерези од страна на полициски службеници е спречена 56 годишна жена во обид да скокне од мостот, ова за КУРИР го потврдија од МВР.

Од МВР за КУРИР додаваат дека повикана е и итна медицинска помош и истата е пренесена во Ургентниот центар во Скопје.