Жбогар: Ветингот во судството – нема потреба

По најавата на премиерот Зоран Заев дека итно треба ветинг во судството и по широката поддршка од дел од судиите и обвинителите денеска евроабасадорот Замуел Жбогар со ладен туш и понаква оценка. По средбата со првиот човек во Уставен суд кажа дека ветингот не потребен, туку да се продолжи со реформи во судството секако за што и Европската Унија би дала потребна помош.

Нашата позиција за ветингот е јасна. Мислам дека ние преферираме да се користат сите други елементи за да се подобри правосудството, кое на крајот на денот и не е во така лоша ситуација во земјата. Има многу начини да се подобри правосудството, пред сѐ, од внатре. Правосудството треба да се саморегулира. Секако, ние можеме да дадеме поддршка еден од проектите е следење на случаите на висока корупција во судовите и тоа ќе го правиме следната година и мислам дека тоа ќе помогне да се подобри ситуацијата. Ветингот секогаш е последната опција и за ветинг треба да се исполнат извесни услови, како консензус на сите политички актери. На ветингот го гледаме како последно прибежиште и во моментов не гледаме потреба за тоа. Сепак одлуката секогаш е на земјата – рече евроамбасадаорот Самуел Жбогар по средбата со претседателот на Уставниот суд Сали Мурати.

Total
0
Shares
Поврзани објави