Запленети 69 килограми марихуана кај струшко Франгово

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица, државјани на Република Албанија, за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничените на ден 22.12.2018 година околу 1.40 часот како соизвршители неовластено заради продажба пренесувале шеесет и девет килограми и триста и десет грама дрога – марихуана. Дрогата претходно ја спакувале во црни најлонски ќеси и ја пренесувале на магистралниот пат Струга – Ќафасан во близина на с. Франгово. При што биле откриени и приведени од страна на овластени службени лица на Министерството за внатрешни работи.

Надлежниот обвинител ценеше дека постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, поради што до судија на претходна постапка од Основниот суд Струга достави предлог за определување на мерката притвор за тројцата осомничени.​

соопштение ЈО во продолжение за истиот настан соопштение мвр

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Одделот за криминалистичка полиција, со поддршка на ОСПО, во рамки на зголемените активности на Министерството за внатрешни работи во делот на спречување на недозволената трговија со дрога, пресече уште еден меѓународен канал за недозволена трговија со марихуана, при што заплени околу 60 килограми марихуана и од слобода лиши три лица, албански државјани.
На 22.12.2018 година во 01,40 часот на магистрален пат Струга-Ќафасан во близина на с. Франгово, при вршење контрола затекнати се три лица К.Г. ( 56), Е. Ч. (24) и Н. Х. (40) од Прењас, Република Албанија, кои преку зелената граница по илегален пат од територија на Албанија до Македонија ја пренесувале марихуаната. Од страна на полициски службеници извршен е преглед на лицата и кај нив се пронајдени и одземени седум вреќи во кои имало 14 полиетиленски пакувања со марихуана.
Во текот на денешниот ден против овие лица ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Струга за сторено кривично дело – „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по член 215 ст.1 од Кривичниот законик на Р.Македонија.

Во врска со овој случај портпаролот на МВР Тони Ангеловски во прес салата на МВР во 14:30 часот ќе даде изјава за медиумите.

Total
0
Shares
Поврзани објави