Запален автомобил на адвокат од Охрид

Ноќеска по полноќ бил запален автомобилот на адвокатот Мишел Наумоски од Охрид. Тој за „Макфакс“ вели дека бил паркиран на улица „Партизанска“ во центарот на Охрид и го потврди настанот.

Автомобилот бил запален со експлозивна направа и заплива течност. Адвокатот Наумоски вели дека сторителите се непознати, но снимени на безбедносни камери. Причината е непозната, а неофицијално се поврзува со професионалниот ангажман на Наумоски.

Опожареното возило било целосно оштетено, а во гаснењето на огнот учествувале екипи на противпожарната бригада. На увид излегле екипи на СВР Охрид. Во моментов се врши вештачење на опожареното возило.

извор: Makfaks

фото : илустрација

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Русковска отвори постапка – испитува зошто Спасовски со месеци чекал да го затвори техничкиот преглед во кој поминал и автобусот на „Беса транс“

Предметот засега е во фаза на предистрага, во чии рамки истражители од Обвинителството вчера го посетиле Министерството за…