Замрзнат имотот на Трифун Костовски

Замрзнат имотот на Трифун Костовски. Главниот акционер на поранешната Еуростандард банка во интернет колумна насловена „И тоа е можно…“ тврди дека по завршување на предистражната постапка што ја спроведува Јавното обвинителство, целиот негов имот е замрзнат.

„Сега посегнаа да ми го блокираат имотот, бидејќи тоа е можноста да ја водам натамошната битка за вистината. Да појаснам што тоа значи: имам имот, не смеам да го отуѓам, а сакам да го отуѓам бидејќи ми се потребни финансиски средства за водење на оваа војна. Што уште остана да ми земат? Мојот живот? Им го нудам на тацна. “ пишува Трифун Костовски во својата колумна.

Народната банка во август годинава и ја одзеде дозволата за работа на Еуростандард банка поради неисполнување на минималните потребни услови за работа на една банка.

Костовски во неколку наврати обвинуваше дека Народната банка е виновна за стечајот и тој најавуваше контра тужби.

Total
0
Shares
Поврзани објави