ФОТО: Загина жена во сообраќајка меѓу “мерцедес” и “туарег”

Полициски извори за порталот „Тетова1“ откриваат дека жената која што утрово загина во сообраќајната несреќа на патот Тетово-Гостивар е од Кичево.

Загинатата, управувала патничко моторно возило Мерцедес, а останатите четворица Туарег од околината на Дебар и патувале кон скопскиот Аеродром.

Утрово околу 07:00 часот на наплатната станица Тетово-Гостивар се случи сообраќајната несреќа во која загина едно лице а уште четворица се повредени.

Од тетовската болница за „Тетова1“ откриваат дека кај нив се донесени 4 повредени лица, една жена и тројца мажи.

Total
0
Shares
Поврзани објави