Пред малку во Скопје се случи тешка несреќа во која загина работник. Според првичните информации работник со кран работел на зградата на ФФМ во Ново Лисиче. Кранот се превртел и паднал. Работникот бил приклештен под него.
Лекар од итна медицинска помош на местото се обидел да го реанимира но сепак била констатирана смрт кај работникот. Биле повикани и пожарникар да помогнат но ударот бил фатален.
По увиот на полицијата и јавен обвинител ќе се утврдуваат причините за несреќата.