Загаденоста на воздухот со ПМ честички достигна опасно ниво

Мобилната апликација AirCare која ја мери загаденоста на воздухот и во текот на ноќта покажа високи вредности по сите параметри, не само во Скопје туку и во други градови.

ПМ честитките, кои се канцерогени и ја влошуваат состојбата со пандемијата со корона вриусот , речиси на сите мерни станици го достигнаа нивото на опасност по здравјето.

Малку пред полноќ, апликацијата покажа дека повторно рекордер според загаденоста е скопската населба Ново Лисиче со вредност од 280 микрограми на метар кубен.

Слични вредности на загаденост беа измерени и во Кавадарци со 246 микрограми, потоа Куманово со 220, Струмица – 210. Под 210 мигрограми има неколку скопски општини.

Препораките во случаите кога е покачено нивото на ПМ-честичките е да се затворат прозорците и да не се излегува надвор, што е спротивно на тоа што се препорачува за заштита од конора вирусот.

Вчера министерот за животна средина Нуредини ги повтори старите оправдувања воздухот ни езагаден поради маглата и отсуство на ветар, греење на домовите со дрва и друго.

Total
0
Shares
Поврзани објави