Заеве ветува 17 милиони евра помош за 400 компании за зајакнување на конкурентноста

Премиерот Зоран Заев на фејсбук објави дека 400 компании ќе добијат финансиска поддршка во износ од 17,2 милиони евра во рамките на мерката за зајакнување на конкурентноста.

Заев тврди дека целта на оваа економска мерка е зголемување на продуктивноста на компаниите, модернизација на процесите, подобрување на конкурентноста, а со тоа и отворање на нови работни места и задржување на постојните.

„Ова финансиска поддршка е една од мерките од третиот економски сет, поточно финансиска поддршка за зајакнување на конкуретноста во износ од 20 милиони евра наменета за приватниот сектор, односно за претпријатија, кои и во кризна ситуација продолжија да работат и да инвестираат во нивниот раст и развој, конкуретност и модернизација“, вели во видео пораката Заев.

Тој смета дека зголемување на продуктивноста и конкуретноста на претпријатијата, во моменталните услуги за живот  и работа е од голема важнпст за придвижување на реалната економија и содздавање на услови за инвестции и за нови работни места.

Total
0
Shares
Поврзани објави