Видео – Рашковски во суд , Заев за приведувањето : Никој не е недопирлив, ама да внимаваме на пресумпцијата на невиност

Можеби и сум пристрасен, затоа нека докажат институциите и истрагата што е вистина, да не осудуваме предвреме, изјави премиерот

Според премиерот Зоран Заев денешното приведување на поранешниот генерален секретар во Владата и секретар во неговиот кабинет Драги Рашковски е уште еден доказ дека никој не е недопирлив. Сепак, премиерот во неколку наврати нагласи дека мора да се почитува начелото на пресумпција на невиност.

„Уште еднаш се покажува нема недопирливи ниту од власта ниту од опозицијата. Но треба да ја почитуваме пресумпцијата на невиност. Законот важи еднакво за сите, но треба да знаеме дека никој не е виновен додека не се докаже спротивното“,

изјави Заев, по денешната средба со лидерите на Алијанса за Албанците и Алтернатива.

На прашање за неговата првична изјава дека се е законски во набавката на софтверот, Заев посочи дека и сегашниот генерален секретар на Владата Мухамед Зекири ги проверил сите податоци во врска со тоа и дека анализите покажале дека има потреба од таков софтвер што би го користеле институциите.

„Јавната набавка е направена согласно со Законот за влада, а со Владата во административниот дел раководи генералниот секретар. Јас не стојам зад Рашковски. Стојам зад доказите и тоа што сум го видел. Но Рашковски беше генерален секретар на Владата, беше и секретар во мојот кабинет до 12 овој месец. Можеби и сум пристрасен. Нека докажат институциите и истрагата што е вистина, да не осудуваме предвреме, пресумпцијата на наевиност мора да се почитува“,

рече Заев.

видеото е сопственост на 360 степени

Total
0
Shares
Поврзани објави