Заев: Во ЕУ како Македонци кои зборуваат македонски јазик!

Премиерот Зоран Заев вели дека македонскиот народ секогаш бил и ќе биде со поглед напред и сите премрежја, окупации и блокади се и ќе бидат надминати заради желбата за подобро утре и подобар живот.

„Во ЕУ ќе влеземе како Македонци кои зборуваат македонски јазик! Така е и сега. Гледаме напред, кон Европа, тоа е единствениот пат кон нашето подобро утре “, пишува на Фејсбук премерот Заев.

Тој вели дека изолациите ги остава во минатото бидејќи знае дека македонската иднина е европска.

„Во тоа име, продолжуваме да бараме решенија. Само така е европски, само така е македонски“, ветува Заев.

Total
0
Shares
Поврзани објави