Не ја знам основата за одлуката на судот, но останувам конзистентен на политиките на оваа влада и моите политики. Се борев за притворот да не биде казна, рече премиерот Зоран Заев на новинарско прашање во врска со судовите, а по носењето на екс Специјалната обвинителка, Катица Јанева во домашен притвор.

Верувам во ефикасни судски процеси, се носи одговорност осомниченото или обвинетото лице. Верувам дека притворите од 100, 200, 300 дена стануваат казна. Принципиелно, она каде што не сме задоволни од судството го коментираме. Мора да има одлука, дали осудителна или ослободителна. Јас до денеска се прашувам како Груевски е ставен по член кој застарува брзо, а другите не се“, рече Заев.