Заев: Политичарите од бивша Југославија ги држат разделени Македонците и Бугарите

Премиер Зоран Заев вели дека за време на Втората светска војна Бугарите биле администратори на Македонија, но потоа се приклучиле на антифашистичкиот фронт за слобода и за демократија.

Во интервјуо за бугарската агенција „БГНЕС“ Заев нагласува дека сме смениле повеќе од 20 табли каде пишува „бугарски фашистички окупатор“.

„Бугарите не се фашисти, туку нашите пријатели. Нашата историја е заедничка. Нека го почувствуваат тоа граѓаните на двете земји. Да го немаше Гоце Делчев, ќе мораше да го измислиме за да не обедини“, вели тој.

Тој ги обвинил македонските политичари од бивша Југославија, кои ги држат Бугарите и Македонците разделени.

„Задолжение е на сите граѓани, а најмногу на нас политичарите, да ги зближиме нашите народи, зашто долги години беа држени оддалечени еден од друг. Различни власти, посебно во времето на бивша Југославија. Но, ние треба да бидеме заедно, затоа што сме први соседи. Знаете, јас сум од Струмица. Петричани и струмичани зборуваат ист јазик, толку сме блиски. Тоа е македонски или бугарски јазик?“, прашал Заев.

Според него историјата треба да ги обедини балканските народи, а не да ги раздвојува.

„Историјата заедничка во еден минат регион на територија на регионална Македонија навистина живееле Македонци кои зборувале македонски јазик, но живееле и Бугари кои зборувале бугарски јазик, живеел луѓе кои истовремено се чувствувале и Бугари и Македонци и тоа е апсолутно право, низ таа заедничка историја, ние двете страни треба да бидеме паметни и да ги градиме мостовите на пријателство“, изјавил Заев.

Total
0
Shares
Поврзани објави