Премиерот Зоран Заев негира дека пратениците на помалите партии од владеачкото мнозинство ќе се приклучат кон опозициската ВМРО-ДПМНЕ за формирање на ново парламентарно мнозиство. Заев смета дека таквите тврдења на опозицијата се правење излет со мозокот.

– За да добиете мнозинство ви требаат албански партии, на која политичка основа, на укинувањето на трите договори, на создавањето на чиста Македонија… зборував пред две години, зборувам и сега, додека не ја променат менталната матрица во своето политичко делување ќе останат долго време опозиција“, вели Заев

Од друга страна, коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива тврди дека лажна вест е најавата на премиерот Заев дека нивни пратеници ќе се приклучат на власта.

“Ниеден пратеник на коалицијата “Сега е времето” нема да се приклучи на владината коалиција”, вели во демантот пратеникот на коалицијата “Сега е време” Зеид Реџепи.