Владата денеска најостро го осуди говорот на омраза на навивачка група Комити со кое се предизвикува раздор и нетрпеливост врз етничка основа.
–– Институциите не смеат да толерираат никакво поттикнување омраза и насилство по основа на расна, национална, полова, сексуална, верска или било каква друга припадност. Ние сме современо општество, еднакво општество на сите граѓани. Нашиот пат е напред, а не назад, пишувa премиерот Зоран Заев на ФБ.
Тој вели дека МВР работи на расчистување на делото, а Јавното обвинителство да делува во рамките на своите надлежности.
Сите навивачки групи и граѓани треба да се воздржат од упатување пораки што предизвикуваат и поттикнуваат омраза или насилство врз основа на расна, национална и верска припадност казниви со закон, повикува Заев. Р.Д.