Заев: Гоце Делчев е македонски револуционер, но Бугарите го сметаат за нивен

Премиерот Зоран Заев се надева дека до почетокот на ноември ќе се сретне со бугарскиот премиер Бојко Борисов со кого треба да разговара за Гоце Делчев и за подготовката на Самитот на Берлинскиот процес.

„Очекувам пред 10 ноември да се сретнеме со премиерот на Бугарија, Бојко Борисов сакам да ја посетам Република Бугарија и тоа да биде мојата прва официјална посета како премиер, заради тоа што имаме и прашање за разговори, за Гоце Делчев како историска личност. Верувам дека до тој период ќе има средба бидејќи 10-11 ноември се очекува да се оддржи Берлинскиот процес, бидејќи со Бугарија сме домаќини на Самитот кој ќе се оддржи во Софија“, изјави денеска Заев.

Тој ја поздрави работата на Комисиите и верува дека ќе испорачаат опции за решение.

„Нашето очекување е час поскоро да најдеме решение на ова прашање. И до крајот на годината да се оддржи и првата меѓувалдина конференција – додаде Заев.

Спопред него, Гоце Делчев е македонски револуционер, но бугарската страна го смета за бугарски.

„Гоце Делчев е македонски револуционер, но исто така е факт дека Бугарија и Бугарите го сметаат исто така за бугарски револуционер. Факт е дека ние имаме град, Делчево и во Бугарија има град што се нарекува по Гоце Делчев, имаме и споменици во Северна Македонија и во Бугарија“, рече Заев.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Почина Илинка Митрева

Почина поранешната министерка за надворешни работи и пратеничка Илинка Митрева, објави СДСМ.Од партијата изразија сочувство до семејството на…