Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека да го немаше Гоце Делчев, требаше да се измисли за да послужи како мост за зближување меѓу бугарскиот и македонскиот народ.
Заев верува дека нема план Б, туку опција е само план А, со трпение, меѓусебно почитување и разбирање да се изнајдат решенија за спорните прашања за историјата и јазикот со Бугарија.
„Тие решенија не мора да се најдат денеска. Вчера имаа позитивен ден, ќе објават на прес-конференција за тоа до каде се работите. Ние сме меѓусебно историски поврзани како регион и таа врска од минатото треба да нѐ направи пријатели, а не да нѐ разделува. Претстои период на објавување позитивни информации“, смета Заев.