Заев: Бонусите за СЈО се помали, обвинителот може да провери

Државниот јавен обвинител е тој кој може да ја побара и да ја соопшти информацијата за тоа како се делеле бонусите во СЈО, изјави премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање. Според неговите информации од следењето на реализација на буџетот и неговиот ребаланс, не се трошат секоја година предвидените 228 милиони денари, кои што со закон се определени за СЈО.

Сите знаеме дека специјалните јавни обвинители добиваа поголема плата за некои 300 до 500 евра, не знам колку е поголема платата од другите јавни обвинители заради тоа што сериозно презедоа и одговорност и преку додатоците за чувањето на самите материјали коишто носат своја дополнителна одговорност во целиот тој дел. Нема да дозволам да се фрли негативно петно врз јавните обвинители. Постои истрага за државниот специјален јавен обвинител, но за другите не е коректно и треба да се праша да ги кажат сите детали и целата анализа кој е тој дел што е примен како надоместок во делот на додатокот, за сигурност на материјалите за сериозност или за доверливост и која е вистинската номинална нето плата која што ја земале специјалните јавни обвинители“, рече Заев.

Но сигурно бројките се далеку помали од тоа што Антонио Милошоски шпекулира или одредени други луѓе. Ве молам во името на професионализмот да ги побарате информациите во делот на самата институција, таму можат да ви дадат директни точни информации заради тоа што се работи за јавни пари. Државниот јавен обвинител може да ја побара информацијата и да ја даде. Не би било сходно јас како премиер да барам точна информација, рече Заев.

Total
0
Shares
Поврзани објави