Заев: Ако кажеме стоп за легализацијата ќе треба да срушиме над 50 000 домови

Може да се случи Собранието да не носи нов закон за легализација, да застанеме тука, ако преовладува такво мислење. Ако кажеме од утре да рушиме 50 000 домови, да ги рушиме, вели премиерот откако претседателот Стево Пендаровски одби да стави потпис на Законот за легализација на дивоградбите

Законот за легализација на дивоградбите се носи за да се спасат преку 50 000 домови на граѓани кои живеат под прагот на сиромаштијата, вели премиерот Зоран Заев коментирајќи го ветото на претседателот на државата, Стево Пендаровски, кој не го потпиша новото законско решение бидејќи го оцени како неуставно и спротивно на владеењето на правото.

Коментирајќи ги критиките дека со Законот се предвидува да запрат сите кривични и граѓански постапки што се во тек, а се поврзани со изградба на бесправни објекти, Заев рече дека не може сите да легализираат, а некој кривично да одговара. Посочувајќи го примерот со Стевчо Јакимовски, премиерот рече дека против него има обвиненија и за други дела.

„Владата има обврска да носи решенија, затоа е ова решение за продолжување на легализацијата со 50 отсто поскапи комуналии, но и пред се заради заштита на домовите и куќите на посиромашните граѓани. Новина во законот е тоа што за сите приматели на социјална помош бесплатно ќе се изработат геометриски елаборати и бесплатно ќе се легализираат тие 50 илјади објекти. Кога се носи вака одлука да се даде шанса преку 50 000 куќи да се легализираат, тогаш не можете тие претходните кривично да ги гоните. Не е уставно. Ако алудирате на Јакимовски тој има три кривични дела, двете кривични пријави немаат врска со легализацијата, а во едната има повеќе од три обвиненија, до кои едното е само за легализација. Така што дефинитивно кога предлагате како институции ги гледате соодветно поставеностите. Не може сите да легализираат, а некој кривично да одговара, и тој може да ја продолжи постапката за легализација кога носите вакви одлуки“,рече Заев.

Total
0
Shares
Поврзани објави